Во саботата, во Музеј на љубовта и уметноста во Радовиш, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу пчеларското здружение ПЗ „Радовишка Пчела – Rada Bee“ и пчеларското здружение „Пчела Куманово“.

По потпишувањето на Меморандумот, претседателката на ПЗ „Радовишка Пчела – Rada Bee“, Снежана Сарафимова Панчева, ги информираше присутните дека на годишното собрание едногласно е донесена одлука за членство во ПФМ. Во ПФМ веќе членуваат следните здруженија: Пчеларско здружение „Матица“ – Скопје, „Пчела“ – Куманово, Пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп, ПЗ „Мариовско Пелагониски Пчелари“ – Битола, „Пчела“ – Крива Паланка, Пчеларско здружение – Охрид, „Екокаммед“ – Македонска Каменица, ПЗ „Овчеполско Сонце“ – Свети Николе, ЗГ „Македонска Пчела“ – Негорци, ЈГПБР „Меден Исток“ – Кочани, ЗГ „Пчелар“ – Штип.

По официјалниот дел, нашиот истакнат член Игор Ангеловски одржа презентација на тема:
„Зголемување на пчелни семејства од сопствени ресурси“.

Аплаузот кој го доби на крајот од своето излагање беше најдобра потврда за квалитетот и сериозниот пристап кон едукацијата на нашите пчелари.

Настанот заврши со прекрасно пчеларско дружење во ресторанот „Амбасадор“ во Радовиш.


Претходно, ПЗ „Радовишка Пчела – Rada Bee“ го одржа и своето годишно Собрание, на кое присуствуваа членовите на здружението.

На оваа собрание се презентираше успешната завршена работа за 2025 год и предлог програма за 2026 год.
На предлогот за избор дали здружението да се зачлени во СПЗМ или ПФМ присутните членови едногласно го изгласија предлогот за членство во Пчеларска Федерација на Македонија.
Исто така се доделија благодарници на истакнати членови.


 

 

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!