Со цел подобрување на бизнис климата и можностите за инвестирање во општина Радовиш, Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов започна со неколку иницијативи и конкретни активности. Вчера во салата на Советот на општина Радовиш, Градоначалникот одржа средба со дел од стопанствениците од општина радовиш, поточно со компании од областа на транспортот и шпедитерското работење. На средбата беше дискутирано за новиот Предлог-Генерален урбанистички план, можностите и капацитетите за инвестирање во општина Радовиш како и можностите и потребите за воведување на дуално образование во средното општинско училиште во Радовиш согласно потребите на бизнис заедницата. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СТИПЕНДИИ ОД ОПШТИНА РАДОВИШ ЗА ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ ЕСПРЕСНИОТ ПАТ ШТИП-РАДОВИШ ЗАВРШЕН, ВТОРАТА ФАЗА ОД ТРИ ЧЕШМИ ДО ШТИП ПУШТЕНА ЗА СООБРАЌАЈ