Во Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во Радовиш вечер ќе се одржи поетски портрет на поетот Борче Панов.

За поетското творештво на познатиот македонски поет Борче Панов ќе зборуваат: д-р Лорета Георгиевска, д-р Мишел Павловски, д-р Христо Петрески и Мирко Марковиќ – писател и советник-библиотекар од Србија.

Овој книжевен настан се одржува во рамките на проектот „Управување со дигитални збирки: нови предизвици за јавните библиотеки“ на кој учествуваат четириесетина преставници од сите библиотеки во Македонија, како и гости од Србија.

Панов е автор на повеќе книги поезија и драмски текстови.

Организатор на книжевниот портрет на Борче Панов е Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш. 

 





 

error: Содржината е заштитена !!