На деветтото издание на фестивалот „Врата на пеозијата“ кој се одржа во Романија од 23 до 26 мај во градот Решица зеде учество нашиот сограѓанин поет и кантавтор, професор по филозофија Јовица Илиќ. Фестивалот кој е под покровителство на министерството за култура на Романија обедини 40 писатели од Србија, Јапонија, Франција, Северна Македонија, Унгарија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Русија, Австралија, Италија и Романија. Гранд при на фестивалот и припадна на јапонската поетеса и калиграф Рие Гото од Токио. Оснивачот и директорот на фестивалот д-р Љубица Рајчиќ, истакна дека оваа манифестација обединува значајни и влијателни писатели од 12 земја од три континенти кои ги претставија нивните најнови остварувања. Во рамки на фестивалот објавен е и зборник со трудови од учесниците со преводи на англиски, српски и романски јазик Јовица Илиќ зеде учество и на третото издание на меѓународниот фестивал ПРО ПОЕТ ИНЏИЈА 2019 кој се одржа од 1 до 6 јуни на три дестинации Инџија, Нови Сад и Белград. На фестивалот беа претставени поети и кантавтори од 31 земја и тоа: Индија, Русија, Велика Британија, Данска, Израел, Грчка, Турска, Бугарија, Иран, Белорусија, Канада, Азербејџан, Романија, Ислан, Северна Македонија, Колумбија, Бразил, Шпанија, Словенија, Португалија, САД, Аустрија, Кипар, Франција, Црна Гора, Република Српска, и Србија. Гранд при на фестивалот му припадна на големиот српски писател Перо Зубац Покровител на фестивалот е општина Инџија и градоначалникот Владимир Гак а организатори се: Здружението „Мој срем“ од Крчедин, културниот центар Инџија и библиотеката „Ѓорѓе Натошевиќ“, со подршка од „Здржението на писателите на Србија и издавачката куќа Арте од Белград. Директорот на фестивалот г-дин Миодраг Јакшиќ како срдечен домаќин успеа да ги обедини уметниците и да го позиционира фестивалот во рамки на регионална и светска уметничка манифестација. Post navigation ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ПАТОТ КОН СМИЉАНЦИ -ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ОД МОСТОТ НА СМИЉАНСКА РЕКА ДО ЦЕНТАРОТ НА СЕЛОТО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ РАДОВИШ-ПОДАРЕШ