Владата донесе одлука да се укине полицискиот час во земјата со што од денес граѓаните нема да имаат ограничување времснско за движење. Владата е во постојана комуникација со земјите во регионот и дека наскоро ќе може да се патува, исто така е донесена одлука рестораните и кафулињата задутре да почнат со работа.Исто така испрати предупредување дека ова не значи дека коронавирусот исчезнал и дека сме го победиле. Нагласи Спасовски дека вирусот ќе биде присутен додека не се стекне имунитет или не биде пронајдена вакцина. „Пандемијата не е победена, треба да прифатиме дека сеуште е закана по секој граѓанин. Секое игнорирање оди директно на штета на борбата против вирусот. На сите ни е јасно дека ова е нова фаза за сите нас. Тоа ново секојдневие не повикува и не обврзува“ порача Спасовски. Post navigation ВИРУСОТ Е УШТЕ ТУКА ДА БИДЕМЕ ВНИМАТЕЛНИ, ГРАЃАНИ ДА ГИ ПОЧИТУВААТ МЕРКИТЕ – информираше министерот за здравство Венко Филипче КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА НА ЕВРОТИП И ГОЛД СЛОТ – „ДАРУВАЈ КРВ, СПАСИ ЖИВОТ!“