Денес не зборувам само како тренер. Не зборувам само како дел од клубот. Зборувам како претседател на Muay Thai Адреналин – со полно срце и со гордост што не може да се измери. Работиме макотрпно. Создадовме нешто од нула. Поминувавме низ препреки што многумина не ги ни гледаат. Работевме ден и ноќ. Воспитувавме деца, градевме спортисти, создававме карактери. Од под ноктите вадевме за да застанеме таму каде што стојат клубови со далеку поголеми буџети. И денес можам гласно да кажам — трудот не беше залуден. Името му е Мирко Василев. Момче кое порасна во сала што ни е втор дом. Момче кое знае што значи дисциплина, почит и жртва. Отиде на подготовки во Thailand — земјата на Muay Thai. За само 15 дена доби понуда за борба на Bangla Boxing Stadium. Го предизвика шампионот на нивни терен. И донесе појас. Појас за Македонија. Појас за Радовиш. Појас за сите деца што веруваат дека со работа сè е можно. Горди сме на Мирко. Горди сме на секој изминат тренинг. Горди сме на времето, солзите и потта вложени во салата што ни е дом. Ова не е само победа. Ова е доказ дека кога срцето е големо, границите не постојат. Со почит, Vlatko Petrov Претседател на Muay Thai Адреналин Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Петарда за Малта: Македонија до 16 години доминантно до 0:5 Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на неколку правци забрана за тешки возила