Екипата на ППК Радовиш во продолжението од првенството после двомесечната пауза, ги одигра 8-то и 9-то коло во Пингпонгарската прва лига на Македонија. Противници беа Пингпонгарските клубови на Борец Тим од Велес и Струга од Струга, каде што нашата екипа забележа две победи против двете екипи со резултат од 4:2 односно 4:0. За нашата екипа ППК Радовиш настапија: Марјан Крстев, Милчо Чачаров, Гоце Димоски и Венко Стојанов. Следните две кола се играат следниот викенд во недела на 3 февруари во Скопје исто така во СЦ „Форца”. Резултати Прва лига: 8. коло: Студент – Струга 1:4 Борец ТИМ – Радовиш 2:4 Кочани – Пошта 2 4:0 Дебар Маало – Пелистер 4:0 9. коло: Дебар Маало – Студент 3:4 Пелистер – Кочани 0:4 Пошта 2 – Борец ТИМ 4:0 Радовиш – Струга 4:0. Табела Прва лига: Радовиш 18, Кочани 17, Пошта 2 15, Дебар Маало 14, Струга 13, Пелистер 11, Борец ТИМ 10, Студент 9. Да напоменеме дека во Есенскиот ден на сезоната 2018/2019 нашиот клуб е без пораз во Првата Пингпонгарска лига каде играчите Венко Стојанов (со 10 победи од исто толку одиграни мечеви) и Гоце Димоски (со 9 победи од 9 одиграни натпревари) ги завземаат водечките позиции во оваа првенство Post navigation НОВА СНЕЖНА ПОКРИВКА ВО РАДОВИШ И МАКЕДОНИЈА МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ УСАИД, ОПШТИНА РАДОВИШ И ООУ„НИКОЛА КАРЕВ“