Почитувани, влегуваме во период на високи температури кои ќе се одвиваат на целата територија на Републиката,според долгорочната временска прогноза за подрачјето на општина Радовиш се очекуваат високи дневни температури и слаби изгледи за врнежи од дожд. Вегетацијата која е во фаза на сушење преставува потенцијална опасност од појава на пожари на отворени површини но и во урбаните средини. Затоа е неопходно да ги превземеме сите неопходни мерки за заштитата на животната средина, намалување на материјалните и други штети го препорачуваме следното: -без потреба да не се пали оган на отворен простор, посебно во ридско-планинските подрачја; -во случај на палење на оган да се преземат сите мерки за контрола над огнот и негово гасење; -внимателно да се ракува и употребуваат запаливи и лесно запаливи средства; Општина Радовиш Post navigation ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН МЛАДИНСКИ СОВЕТ РАДОВИШКИ МААБЕТИ, КНИГА ХРОНИКА ЗА НАШИОТ ГРАД, ПАВЛИНА КОШЕВЕЦ- ХРОНИЧАР