Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ СО ПОВРЕМЕНА ОБЛАЧНОСТ И ТЕМПЕРАТУРА ОКОЛУ 30 СТЕПЕНИ ПРОМОВИРАНА УШТЕ ЕДНА КНИГАТА НА АВТОРОТ ПАВЛИНА КОШЕВЕЦ – ,,НАРОДНИ ВЕРУВАЊА ВО РАДОВИШКО”