Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 21.06.2021 година Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 73,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 62,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,144 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,152 ден/кг. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНУВА ИСПЛАТАТА НА ЈУНСКИТЕ ПЕНЗИИ УШТЕ НЕКОЛКУ ДЕНА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВАУЧЕРИ ЗА ГОДИШЕН ОДМОР ЗА ГРАЃАНИ СО НИСКИ МЕСЕЧНИ ПРИМАЊА