Пред голем број спортисти, тренери, спортски работници и претставници од спортските клубови, како и претставници од бизнис секторот во општина Радовиш, вчера во Ресторанот „Маг Марг“ беше одржана традиционалната манифестација „Спортист на годината“. Со поздравен говор на почетокот на присутните им се обрати Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов а потоа беа доделени Плакети за посебно спортско достигнување во изминатата 2023 година. За спортист на годината признание доби Александар Јермазов за спортско достигнување во „Бодибилдингот“. Признание за најдобра спортска екипа доби ФК Детонит Плачковица, Зајкова Изабела со посебно спортско достигнување во „Бразилско Џиу цицу“, а посебно признание доби Одбојкарската федерација на Македонија. ФОТО ГАЛЕРИЈА – Комплетна [metaslider id=”32132″] Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ВИКЕНДОТ ШТО ПРЕТСТОИ СОНЧЕВО ВРЕМЕ СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ ОТКРИЕНИ СЕ БЕСПРАВНО СКЛАДИРАНИ БУКОВИ ОГРЕВНИ ДРВА, ВО МЕСТОТО ВИКАНО ЕРЕНЧЕ