Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш распиша Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани од областа на културата за 2022 год. И Јавен конкурс за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на спортски клубови, здруженија и сојузи од општина Радовиш за 2022год. Период за доставување на документите е 10 (десет) работни дена од денот на објавувањето на јавниот оглас, заклучно со 21.01.2022 год. Пријавите се поднесуваат на адреса: ЕЛС општина Радовиш Бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш, или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш со назнака: За јавен конкурс бр…. Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани -истакнуваат од Комисијата за култура, образование и спорт при Советот на општина Радовиш Овде може да го погледнете: Јавен КОНКУРС за распределба на средства на Здруженија Јавен КОНКУРС за распределба на средства на Спортски клубови Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НОВО ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ГОРИВАТА НОВИ 35 ИНФИЦИРАНИ ВО РАДОВИШ СО КОРОНА ВИРУСОТ, АКТИВНИ 94 СЛУЧАИ