Општина Радовиш распиша Јавен Повик за распределба на средства од Буџетот на општина Радовиш на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита од општина Радовиш за 2023 год. Се распишува јавен повик за распределба на средства на здруженија на граѓани и други правни лица од областа на социјалната, детска и здравствена заштита во општина Радовиш за 2023 година ; Потребни документи за поднесување се : -пријава по јавен повик -годишна програма за работа и финансиски план за 2023 год.; -извештај за потрошените средства добиени од општина Радовиш за 2022 год.; -копија од завршна сметка (за здруженија чии годишен приход е поголем од 2,500 евра) или копија од одлука од Цент.регистар (доколку год. приход е помал од 2,500 евра); -копија од тековна состојба од Цент.регистар на Р.С.М. (не постара од 6 месеци); -потврда за отворена и активна жиро сметка. Период за доставување на документите е 7 (седум) дена од денот на објавувањето на јавниот повик, заклучно со 21.03.2023 год. Пријавите се поднесуваат на адреса : ЕЛС општина Радовиш, бул. „Александар Македонски“ бр. 7, 2420 Радовиш или директно во архивата на ЕЛС општина Радовиш Со назнака : За јавен конкурс бр. Напомена: Пријавите со нецелосна документација како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани. Општина Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДЕНО ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА КОНЧЕ ДВЕ ПРИКЛУЧНИ И ЕДНО ВЛЕЧНО ВОЗИЛО ЗАФАТЕНИ СО ПОЖАР ВО РАДОВИШ