Во саботата започна разигрувањето во Плај Аут фазата во Супер ракометната лига на Македонија, нашиот тим гостуваше во Прилеп каде што претпе пораз со резултат 35-25.

Во разигрувањето за опстанок во супер ракометната елита се уште екипите на Голден Арт, Струга, Скопје, Куманово, Јуниор и Вардар Неготино, веќе во сабота во Радовиш ни гостува Неготински Вардар, каде што од нашит ракометари се очекува и првата победа во оваа разигрување.

Нашата екипа стартуваше со 1 бод кој е пренесен од првиот дел од првенството, напреварот љубителите на ракометот ќе можат да го проследат во живо на ракометниот канал на РФМ.


Шеснаесет екипи беа поделени во 4 групи, кои ќе играат полуфинале и финале во групите за купот на Македонија во кое разигрување е и нашата екипа, а победниците одат понатаму. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат на 18/19 март.

Ждрепката одлучи РК Радовиш во првиот натпреавар од групната фаза да одигра со Еурофарм Пелистер 2. Во група 2 се уште Голден Арт и Пролет.

 

Група-2 – Куп на Македонија:

РК Радовиш – РК Е. Пелистер 2,

РК Голден Арт – РК Пролет


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


error: Содржината е заштитена !!