Денес, во рамките на последниот ден од Саемот на книги 2024 во ОНБ Браќа Миладиновци” -Радовиш, издавачката куќа ,,Сказнувалка” одржа практична работилница на тема: ,,Да ти ја раскажам мојата приказна”. Работилницата беше реализирана со ученици од ООУ ,,Никола Карев” од Радовиш односно од V-1 одделение со наставничката Маријана Стојанова и од VI-3 одделение со класниот раководител Славица Манчева. На работилницата, се читаше книгата ,,Кралот што имаше од се по многу” од Марија Папајани, а со раскажување и игра, содржините од оваа книга до учениците ги доближи Искра Димковска – уредник во Издавачката куќа ,,Сказнувалка“. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОНЕН ПРАЗНИК ДОДЕЛЕНИ ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ НАСТАВНИЦИ, ПРОФЕСОРИ И ВОСПИТУВАЧИ ВО РАДОВИШ