На територијата на Општина Радовиш веќе се спроведува акцијата за собирање, згрижување и стручен третман на кучиња и мачки скитници.

Се информираат граѓаните кои имаат свои миленичиња (кучиња и мачки) и слободно се пуштени да си ги згрижат во своите дворови и простории бидејки ангажираната служба веќе работи на терен.

Согласно Законот за заштита и благосостојба на животните Општина Радовиш е надлежна да врши собирање на бездомните кучиња, односно нерегистрирани кучиња и регистрирани кучиња доколку ги затекнат на јавни површини без присуство на сопственикот и привремено да ги сместат во соодветни објекти – прифатилишта.

 

Информираат од Општина Радовиш

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

error: Содржината е заштитена !!