Со пригодна и скромна церемонија, во присуство на вработените и поканетите гости, денеска во ЈЗУ „Здравствен дом“ – Радовиш беше одбележан Светскиот ден на здравјето.
Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април, под покровителство на Светската здравствена организација (СЗО), со цел подигање на свеста за значењето на здравјето и унапредување на здравствената заштита на глобално ниво. Овој датум се поврзува со основањето на СЗО во 1948 година, а од 1950 година започнува неговото официјално одбележување.
По тој повод, директорот Стојанче Петров додели ваучери на пензионираните вработени.
Во рамки на настанот беа врачени и благодарници за поддршка и придонес на Општина Радовиш и Општина Конче, како и на компании од приватниот сектор. Посебна благодарница беше доделена на Рудникот Бучим.

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!