Градоначалникот Герасим Конзулов денес го прими Томе Даневски, македонскиот претставник на Светскиот шампионат во фитнес и бодибилдинг кој се одржа на 26.06.2021 во Копер, Република Словенија. Нашиот сограѓанин постигна високи резултати во три категории, две четврти места места во категориите “Mr Fit ness” и “Mr. Athletic” и петто место во категоријата Masters. Со поддршка на градоначалникот Конзулов и одлука на општинскиот совет, Општина Радовиш беше генерален покровител на нашиот претставник. Томе Даневски искажа благодарност до Градоначалникот и Советот за укажаната доверба притоа нагласувајки дека му е гордост што ја претставувал Македонија и Радовиш на големо меѓународно натпреварување. Градоначалникот Конзулов му честиташе за успехот на светска сцена потенцирајќи дека спортските успеси се најдобар пример за афирмација на нашата држава и нашиот град. “Се надевам дека маладите спортисти ќе го следат примерот на Томе дека со напорна работа и посветенсот е возможно да се постигнат резултати. Општината ќе продолжи да вложува во развојот на општинскиот спорт и младите таленти” – истакна градоначалникот Конзулов. Post navigation НОВИ ЛАСЕРСКИ РАДАРИ НАМЕНЕТИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА СООБРАЌАЈНАТА ПОЛИЦИЈА STREETBALL 3×3 RADOVIS 2021” – одиграни атрактивни натпревари!