Нема позитивни за сега во Радовиш и радовишко! 👉 ЈП Плаваја поставува два системи за дезинфекција на возила на влезот во градот на булеварот и влезот од кај Раклиш а се очекува и набавка на трет систем за влезот кај Јака Табак. Се врши и редовна дезинфекција на јавните површини. 👉 Мобилниот тим на Црвениот крст е активен на терен. Се делат прехрамбени и санитетски пакети за ранливите категории граѓани по список добиен од Центарот за социјални работи. 120 пакети се обезбедени од Општината. 👉 МВР – 15 лица се под контрола во општината до 31.03. Тринаесет во самоизолација и две со решение на ДСЗИ. Издадени се 12 кривични пријави за граѓани на општината кои не ги почитувале здравствените прописи за време на пандемија и мерката полициски час (20-26.03). 👉 Центар за јавно здравје Штип – сите тестирани лица од радовишко во перидот од 25.03. до 30.03 се негативни. 👉 ДСЗИ – до денес на територијата на општината нема позитивни лица на Ковид-19 и сите лица кои се во домашна изолација до сега не покажале знаци на заболувањe. Информираше денес градоначалникот Конзулов. Post navigation 25 НОВИ СЛУЧАИ ПОЗИТИВНИ НА ПОЗИТИВНИ, 354 ВКУПНО ВО МАКЕДОНИЈА ШЕГАТА ЗА 1-ВИ АПРИЛ НЕ ИЗОСТАНА! Организирана работилница со дечињата и родителите…