Владата на вчерашната седница донесе одлука да се скрати работното време на угостителските објекти, до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските објекти на ТАВ аеродромите во Скопје и Охрид. „На седницата донесовме и одлука за забрана за групирање на повеќе од 4 лица на јавен простор после 21:00 часот. Владата денеска усвои препорака за сите домашни и странски граѓани на територијата на Северна Македонија, после 21:00 часот да не се движат на јавен простор доколку немаат важни и неопходни потреби“, се вели во соопштението. Влада *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19490″] Post navigation ПОД МОТОТО „ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ“ ЏУДО КЛУБОТ „СЕНСЕИ“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЏУДОТО (фото) ОДРЖАНА ПРЕКИНАТАТА 47 СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ