Екипите на ЈП „Плаваја“ деновиве спроведоа активности за уредување и темелно чистење на фонтаната на градскиот плоштад во Радовиш, како дел од подготовките за претстојните летни манифестации. Со извршените активности се подобрува изгледот и функционалноста на фонтаната, која претставува едно од најпосетуваните места во централното градско подрачје, особено во текот на летниот период. Подготовките се дел од редовното одржување на јавните површини, со цел градот да биде уреден и подготвен за бројните културни, забавни и туристички настани што ќе се одржат во текот на летото. Од ЈП „Плаваја“ информираат дека и во наредниот период ќе продолжат со активности за одржување и уредување на јавните површини, придонесувајќи за почиста, поуредена и попријатна животна средина за сите граѓани и посетители на Радовиш. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Регулација на речното корито во населеното место Воиславци, проект со кој се решава повеќедецениски проблем со кој се соочуваа жителите РК Радовиш гради тим кој ќе ги исполни поставените амбиции. Наскоро започнува подготвителен период