Ракометниот клуб Радовиш започна со формирањето на тимот за натпреварувачката сезона 2026/27, потпишувајќи ги првите договори со ракометарите кои ќе го сочинуваат ростерот. Клубот ја задржа довербата во дел од искусните играчи кои настапуваа и во изминатата сезона, а истовремено им даде можност и на неколку перспективни млади ракометари од сопствената младинска школа да бидат дел од сениорскиот состав. Во сезоната 2026/27, РК Радовиш ќе се натпреварува во Првата ракометна лига на Македонија, со цел да изгради конкурентен тим кој ќе одговори на поставените амбиции и ќе биде достоен претставник на градот. Од управата информираат дека во наредниот период ќе бидат претставени и нови засилувања, со што целосно ќе се комплетира играчкиот кадар. Воедно, наскоро ќе започнат подготовките за новата сезона и одигрувањето на контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата пред стартот на првенството. Досега договори со клубот потпишаа: 🔹 Филип Костадинов – бек 🔹 Александар Ристов – голман 🔹 Иванче Ончев – бек 🔹 Стојанче Ристов – крило 🔹 Васе Петров – бек 🔹Илија Димов 🔹 Стефан Трајанов – бек (кадети) 🔹 Трајче Манасиев – пикер (кадети) 🔹 Стефан Велков – бек (кадети) 🔹 Александар Ѓоргиев – крило (кадети) РК Радовиш најавува дека ова е само почеток на создавањето на тимот, а во следниот период јавноста ќе биде информирана и за останатите ракометари кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Уредување и чистење на фонтаната на градскиот плоштад во Радовиш