Во една пријатна атмосфера, присутните имаа можност да го проследат приказот на темата во драмската изведба на комедијата „Мрзливата снаа и метлата“, подготвена од учениците под менторство на проф. Елена Н. Стефанова, и музички соработник проф. Тодор Стефанов. „Постоењето на нашето училиште се стреми кон секојдневна борба за знаење и современо образование, кое се трудиме да им го овозможиме на нашите ученици, со цел да ги подготвиме за вистински личности за иднината која им следи.“ – изјави директорот на училиштето, Дончо Ангелов. „Училиштето Орце Николов претставува позитивен пример за успешно и функционално работење, како училиште кое е распространето со подрачни паралелки во повеќе населени места. Честитки до учениците кои достојно го претставуваат училиштето и постигнуваат значајни успеси на општинските, регионалните и државните натпревари. Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да дава поддршка за унапредување на образовниот процес и развојот на младите“ – истакна Градоначалникот Љупче Почивалец. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Иницијален состанок со директорот на Управата за животна средина Игор Никоски во рамки на проектот ADAPT 2.0