Во наредните денови Граѓанскиот креативен центар „КРЕА“ од Радовиш ќе го спроведува Проектот „OLD CITY TOUR – ТУРА СТАР ГРАД“ кој е поддржан од општина Радовиш. Проектот е од информативно-едукативен карактер и наменет за учениците од III до VI одделение, а се однесува на запознавање со дел од културно-историското наследство на град Радовиш. Учениците имаат можност во времетраење од 40-45 мин., од професионалниот туристички водич – Оливер Бојаџиев да научат информации за: стариот Јавор-Платан, Римскиот мост, Амам маало, Туљбето, Кибир џамија, Шадраванот, Парк на млади, Ацо Караманов, Чаршијата, Св.Спасо Радовишки, Гавритско маало, куќата на Чаеви, Радовишка река, Участокот, Градскиот стадион и други знаменитости. Секој ученик, бесплатно добива информативен флаер и посебно изненадување благодарание на успешната соработка со Леблебеџилница „Македонија“ кои ја красат нашата чаршија. Post navigation Делегација од Општина Кonya Кahraman од Република Турција во посета на Општина Радовиш Субвенции за млади лица за полагање на возачки испит и субвенционирање на дел од трошоците по основ на купен велосипед