Црвената полумесечина на Република Турција, и директорот Ибрахим Алтан донираа 25 инвалидски колички, слушни апарати и средства за хигиена за лица со попреченост од општина Радовиш. Присустни на средбата беа заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, директорката на општинската организација на Црвениот крст, Верица Беќарова, советникот Енис Омер како и претставнци од турската амбасада. Од име на Општина Радовиш, секретарот Драги Стојанов се заблагодари за помошта и ја истакна добрата соработка која Општината ја остварува со Црвената полумесечина и Црвениот крст и изрази уверување за продлабочување на истата во иднина. Со донацијата се опфатени неколку општини Радовиш, Струмица, Гевгелија, Робово и дел од Скопје. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови [metaslider id=”19966″] Post navigation ОДЛУКИ ОД 59-ТАТА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА МОЖЕМЕ ВО ГРЦИЈА! – ќе се отворат границите и за македонските граѓани…