На ден 04.08.2021 година Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави четири јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари на цела територија на Македонија. Предмет на јавните повици бр.01/21, 02/21 и 03/21 е слободно земјоделско земјиште во државна сопственост над кое нема подигнато насад, а предмет на Јавниот повик бр.04/21 е давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над кое има долгогодишен насад. Рокот за доставување на понуди е 30 (триесет) дена сметано од денот на објавата. За дополнителни информации, потребната документација како и за условите за учество на јавните повици може да ја посетите веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.mzsv.gov.mk). Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОВОГОДИШНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ОРАОВИЦА 2021“ СО РЕКОРДНА ПОСЕТЕНОСТ ДЕНЕСКА ТРЕБА ДА БИДАТ РАСПИШАНИ ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ, КОИ ЌЕ СЕ ОДРЖАТ НА 17 ОКТОМВРИ