Неколку здруженија во соработка со општина Радовиш ќе изработат проекти, а Радовиш ќе добие јавни тоалети и план за одржлива урбана мобилност, ќе добие ново партерно уредување на просторот околу Јаворот, ќе бидат изработени и поставени дваесет информативни табли за починати лица а планината Плачковица ќе стане модерна туристичка атракција со современи инфо-табли и нови модерни содржини. Соработката со граѓанскиот сектор мора да биде подигната на највисоко ниво и дека со тоа уште повеќе заеднички ке придонесеме кон подобрување на условите за живот во нашата општина – истакна Градоначалникот Ристов. Овие проекти се селектирани и одобрени со претходно спроведена постапка согласно Методологија и по донесена Одлука на Советот на општина Радовиш, денес склучи Договори со граѓанските здруженија кои добија финансиска поддршка за проекти од јавен интерес – велат од општина Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ ПРОДОЛЖЕНО ДО КРАЈОТ НА ЈУНИ ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ДАВАЊЕ ВО ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ ВО РАДОВИШ