Продолжува реализацијата на проектот за изградба на фекална канализациона мрежа во Карши Маале, во населеното место Подареш. Целиот зафат е со вкупна должина од 2.528 метри, при што проектот предвидува опфаќање на фекалните отпадни води од припадните површини преку изградба на шест краци на теренот, согласно проектната документација. Предвидено е и нивно приклучување кон постоечката фекална шахта во непосредна близина, со што ќе се овозможи функционално поврзување на новоизградената канализациона мрежа со постојниот систем. Со реализацијата на овој проект се подобрува комуналната инфраструктура и се создаваат подобри услови за живот на жителите на Карши Маале и населеното место Подареш. Општина Радовиш продолжува со реализација на проекти за унапредување на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот во населените места. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СВ. МАЧЕНИЧКИ ВЕРА, НАДЕЖ, ЉУБОВ И СОФИЈА