Со финалните натпревари вечерва заврши овогодишниот шестоноемвриски турнир во Мал фудбал по повод празникот 6-ти ноември-Денот на ослободувањето на Радовиш. Првото место и наградата од 100.ооо денари ја освоија фудбалерите од екипата „Фреид Оне“, кои во финалето беа подобри со резултат 5-3 од екипата на „Јанев Пласт“. Третото место го освои екипата на „Автолакерски сервис Борче“ кои во малото финале беа подобри со 4-2 од екипата на „Изведен“. За најдобар играч на турнирот беше прогласен мартин Ристов. Наградите ги доделија Градоначалникот Ацо Ристов, Заменик Министерот Енвер Хусеин, членовите на Советот Дејан Вучков и Енис Омеров. ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ 3/4 место: ИЗВЕДЕН – АВТОЛАКЕРСКИ СЕРВИС БОРЧЕ 2-4 ФИНАЛЕ: ЈАНЕВ ПЛАСТ – ФРЕИТ ОНЕ 3-5 Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation „РАДОВИШ НИЗ ВРЕМЕТО“ времеплов кој е прикажан преку стари обработени фотографии… АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД „6-ТИ НОЕМВРИ“- „78 години од ослободувањето на Радовиш“