125 македонски граѓани вратени од Шведска, Данска и Холандија Министерството за надворешни работи информира дека вчера се организирал лет за враќање на 125 македонски граѓани затекнати во Шведска, Данска и Холандија. „Упатуваме благодарност до колегите од амбасадите на Шведска, Данска, Норвешка и Холандија за кооперативноста при репатрирањето на 27 странски државјани на летот од Скопје кон денешните дестинации, како и на надлежните институции на овие држави кои помогнаа во репатријацијата на нашите граѓаните“, соопштија од МНР. Од таму велат дека продолжува успешната соработка и со надлежните власти на САД и Австралија во непреченото враќање на нашите граѓани затекнати на другите континенти. Денес е предвиден лет за враќање на македонските граѓани од Италија. Информираше Министерството за надворешни работи Post navigation ОДЛУКИ ОД 40-ТАТА СЕДНИЦА НА ВЛАДАТА Фото: РАДОВИШ НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА МИХАИЛОВ