Нашата екипа во текот на вчерашната ноќ имаше можност да излезе на терен и ја разгледа состојбата за време на ограничувањето за движење-полицискиот час. Можевме да забележиме дека на три пункта се контролираше влезот и излезот од Радовиш, и редовно патролирање на мобилни екипи од ПС Радовиш. Се контролираа возилата кои влегуваат и излегуваат, а како што увидовме повеќе движење имаше од лица кои се со дозволи за движење и се враќаа или одеа кон своите работни места, и интервентни и вонредни случаи. Порталот RadovisNews и во следниот период ќе ве информира за мерките, препораките и активностие кои се превземааат против ширењето на корона вирусот, со цел информирање на граѓаните и намалување на бројот на лица заболени од овој вирус. На наште сограѓани им посакуваме побрзо закрепнување, и враќање во нормалата на целото општество и функционирање на системот и граѓаните… Информативен портал RadovisNews https://www.facebook.com/RadovisVesti/videos/1123132661365263/ https://www.facebook.com/RadovisVesti/videos/150151203061338/ Post navigation НОВИ ОДЛУКИ И МЕРКИ ОД ВЧЕРАШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА 617 ВКУПНО СЛУЧАИ СО КОВИД 19 ВО МАКЕДОНИЈА