Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака, Комисијата ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.

 

Информираше Министерот за Здравство

 

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

error: Содржината е заштитена !!