На 05.09.2020 околу 04:00 часот на магистралeн пат Радовиш-Штип, во близина на клучка за Неготино, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало и продолжило уште околу еден километар. Потоа возачот го запрел возилото и го напуштил местото на настанот. При преглед во возилото биле пронајдени 36 лица-мигранти (11 од Пакистан, 9 од Авганистан, 7 од Сирија, 5 од Бангладеш, 2 од Иран и по еден од Ирак и Турција). Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и расчистување на случајот. * фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење Post navigation КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ФАЛСИФИКУВАЊЕ НА ТАБЛИ НА МОТОРНО ВОЗИЛО ПОЛОЖЕН ВЕНЕЦ ОД СВЕЖО ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА“