Можностите за дислоцирање на надземните кабелски инсталации и заменување со нови подземни кабелски водови, општина Радовиш иницира состанок со иматели на надземни кабелски мрежи низ општината. – На ден 24.11.2021 година со почеток од 12:00 ч. ќе се одржи состанок со иматели на надземни кабелски мрежи на територијата на општина Радовиш, во салата за состаноци во зградата на ЕЛС општина Радовиш. Целта на состанокот е да се разгледат можностите за дислоцирање на надземните кабелски инсталации и заменување со нови подземни кабелски водови. Се покануваат сите иматели да присуствуваат на состанокот. Се надеваме на успешна соработка и заеднички да го решиме овој проблем кој ќе ја подобри сликата на нашиот град. – информираат од општина Радовиш. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗЕМЈОТРЕС СИНОЌА ПОЧУВСТВУВАН ВО МАКЕДОНИЈА УВИД ВО РАБОТАТА НА НОВИОТ ПРИСТАПЕН ПАТ ВО ШТУРОВО ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТОВ