Денес беа доделени шеснаесет сертификати за Образовни асистенти ,три сертификати за лични асистенти во наставен процес ,четири сертификати за негуватели на стари и немоќни лица и еден сертификат за негувател на деца со пречки во развојот како и две потврди за успешно завршено учество во ОКР-2018. Дваесет и шест лица од нашата општина се стекнаа со сертификати за учество во проектот „Општо- корисна работа“ финансиран од УНДП со 1.575.000 денари и кофинансиран од Општина Радовиш со 500.000 денари. Сите учесници беа работно ангажирани во период од шест до девет месеци во зависност од програмата и примаа плата од 9,000 денари со вклучен персонален данок и осигурување во случај на повреда. Проектот Општинско- корисна работа -ОКР се спроведува шеста година по ред и до сега се ангажирани повеќе од 90 лица во склоп на истиот. Кординаторот на проектот Роберт Донев очекува програмата да продолжи со реализација и во следната година и изрази благодарност до националниот координатор на УНДП Снежана Мирчeвска Дамјановска за досегашната успешна соработка. Post navigation СОВЕТОТ ЈА ОДРЖА СВОЈАТА 31. РАБОТНА СЕДНИЦА ИЗДАДЕНИ 17 ПРЕКРШОЧНИ ПЛАТНИ НАЛОЗИ ЗА ПРЕКРШОЦИ КОИ ГИ НАПРАВИЛЕ ПЕШАЦИТЕ