Денес официјално ја започна новогодишната програма за дочек на новата 2023 година, со тргнувањето на специјалниот детски новогодишен воз. Во организација на општина Радовиш и Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со Рудникот Бучим како и општинските основни училишта и детската градинка, на граѓаните а особено на најмладите, во деновите кои претстојат ќе им биде понудена разновидна програма вклучувајќи го новогодишниот фестивал „Светол град“. Денес, Градоначалникот Ристов ги пречека првите патници на новогодишниот воз и им додели новогодишни подароци посакувајќи им многу среќа и здравје во новата 2023 година. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ ВО 2023 ГОДИНА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА РАДОВИШ