Денес Општинската народна библиотека „Браќа Миладиновци“ во соработка со ЈОУДГ „Ацо Караманов“ го прославија доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење мартинки. Изработката и поклонувањето мартинки на најблиските е традиција која во Македонија се почитува со стотици години. На овој ден карактеристични црвени и бели висулци, топчиња и исплетени бразлетни познати како мартинки се разменуваат или се поклонуваат на најблиските. Децата од градинката под водство на своите воспитувачки под мотото „Со бел и црвен конец сукаме мартинки“ изработија мартинки кои си ги подарија за среќа. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ООУ „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОРАОВИЦА СО ПОДОБРЕНИ УСЛОВИ ЗА РАБОТА РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ ОД ТОПОЛНИЦА -ОСТВАРЕНА СРЕДБА ВО ОПШТИНАТА