Македонското културно друштво „Кочо Рацин“ од Обала – Копер, предводено од претседателот Блаже Атанасов, со свечена културна манифестација го одбележа својот 30-годишен јубилеј. Вечер исполнета со македонски фолклор, традиционални ора, песни, поезија од Кочо Рацин и уметност, која уште еднаш покажа дека македонската култура живее и се негува далеку од татковината. На настанот присуствуваа претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, и градоначалникот на Копер, Алеш Бржан. Во своето обраќање, претседателката ја истакна важноста на зачувувањето на македонскиот јазик, фолклор и културен идентитет, како и улогата на иселениците во зацврстувањето на пријателските врски меѓу двете земји. Од Агенцијата за иселеништво беа упатени честитки до Блаже Атанасов и членовите на друштвото за три децении посветеност на македонската култура, а по повод јубилејот беше доделена и плакета со мотив од македонското оро „Тешкото“. Каде и да сме, македонската песна нè поврзува, орото нè обединува, а традицијата нè потсетува кои сме и од каде доаѓаме! Честит јубилеј на МКД „Кочо Рацин“ – Копер! Нека македонското оро уште долго се игра, а македонскиот дух гордо да се пренесува на идните генерации! Ваш информативен портал Radovis News – www.radovisnews.mk © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ОБВРСКА ЗА ВОЗАЧИТЕ – ВО ВОЗИЛО САМО СО ЗИМСКА ОПРЕМА КОГА ИЊЕВО СЕ СОЕДИНУВА! – ЗФТ „ИЊЕВСКА ГАЈДА“ НА ТУРНЕЈА ВО АВСТРИЈА