На 16.02.2020 околу 19.30 часот на локалниот пат с.Калуѓерица – с.Подареш, радовишко, полициски службеници од Полициската станица Радовиш пронашле товарно мототрно возило „форд транзит“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало 32 лица – мигранти (девет лица од Авганистан, 14 од Пакистан, седум од Египет, едно од Индија и едно лице од Турција). Возачот побегнал од местото пред доаѓањето на полициската патрола, а по наредба на јавен обвинител мигрантите ќе бидат сместени во Прифатниот центар за странци „Гази Баба“ во Скопје и во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Информираат од МВР Post navigation ЗИМСКО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД ДО РАБОТА ИЛИ УЧИЛИШТЕ 120 УЧЕНИЦИ ДЕНЕС ЈА ПОСЕТИЈА ОНБ ,,БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ”