Времето денес ќе биде тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност.
До среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст.
Прогноза за 24.01.2024

Минимална температура: -13°C до -2°C
Максимална температура: 1°C до 9°C
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 25.01.2024

Минимална температура: -8°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Сончево и потопло со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер.
Прогноза за 26.01.2024

Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 3°C до 11°C
Сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер.
УХРМ
*фото Архива

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



