Времето денес ќе биде тивко и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. До среда времето ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст. Прогноза за 24.01.2024 Минимална температура: -13°C до -2°C Максимална температура: 1°C до 9°C Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Прогноза за 25.01.2024 Минимална температура: -8°C до 0°C Максимална температура: 3°C до 12°C Сончево и потопло со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер. Прогноза за 26.01.2024 Минимална температура: -7°C до 2°C Максимална температура: 3°C до 11°C Сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. УХРМ *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАВРШИ ЗИМСКИОТ РАСПУСТ, ЌЕ ИМА И ПРОЛЕТЕН – учениците се вратија во училишните клупи САБОТА НЕРАБОТЕН ДЕН