Уште почетокот на кампањата покажува дека народот сака промени, затоа што вистината е тажна, се повеќе луѓе се обидуваат среќата да ја најдат надвор од Македонија, се чувствуваат обесправени, ограбени, велат дека нема ред и систем, а тоа е резултат на 7-годишно владеење на СДС и ДУИ, царување на криминал и корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на митинг во Кавадарци. Николоски истакна воедно тажната вистина е дека од првите пет функции во Македонија, четири се од ДУИ. Тој додаде дека помал проблем е што овие функции се членови на ДУИ, но поголемиот проблем е дека ги користат за рушење на темелите на Македонија, за обезличување на Македонија и за ограбување, а СДС тоа им го дозволува со цел да ги оставаат да крадат. Има такви примери, еден е во близина ТЕЦ Неготино каде СДС и ДУИ заеднички крадеа од скапите набавки на мазут и им кажувам дека одговорност ќе има после избори. Затоа треба да се обединиме, потребна е голема излезност и на 24 април и на 5 мај, заеднички да ги направиме промените во Македонија, изјави Николоски. Тој додаде дека Пендаровски обожува да се претставува скромен и дека не знае што се случува, но праша каков е тој чесен човек кој ни збор не кажа за ниедна афера на СДС и ДУИ. Каков е тој скромен и чесен кој дозволуваа пред негови очи да се ограбува државата, каков е тој чесен кој ги потпиша измените на Кривичен законик со кој се дозволи амнестија за криминалци и каков е тој скромен и чесен чија кампања е финансирана од крадени народни пари?, праша Николоски. Тој нагласи дека токму заради ова Пендаровски ќе биде казнет, промените ќе се случат во Македонија, а иден претседател ќе биде Гордана Силјановска Давкова со огромна победа. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЖИТЕЛКА НА РАДОВИШ СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ ОТКАКО СО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ КАЈ СЕЛОТО ТОПОЛНИЦА ИНЦИДЕНТ ВО КЛУБ ЗА ЗАБАВНИ ИГРИ ВО РАДОВИШ – се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот