На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова изјави дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од 24 – годишен возач од струмичкото село Баница, а со телесни повреди се здобила неговата 21- годишна сопатничка од истото село. Извршен е увид од страна на СВР-Штип, а сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента. фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation СО ОВАА ВЛАСТ МОЖЕ ДА ПРОДОЛЖИМЕ САМО ВО ЦИКЛИЧНО ДВИЖЕЊЕ ВО ЕДЕН ХИБРИДЕН РЕЖИМ! ОРАОВИЦА СО РЕКОНСТРУИРАНА УЛИЦА ОД 900 МЕТРИ