Општинскиот сојуз на училишен спорт – Радовиш одржа редовно годишно собрание на кое се констатираа новите тела на сојузот и се усвоија точките на дневниот ред. Се констатираше престанок на мандатот на досегашниот претседател на сојузот Живко Андонов и на негово место е назначен Дарко Коцев за претседател и потпретседател Игор Конзулов, како и извршен и надзорен одбор од редовите на наставниците по Физичко и Здравствено образование на територијта на општина Радовиш. Би сакале да изразиме благодарноист на досегашниот претседател Живко Андонов за досегашната работа и афирмација на училишниот спорт и му посакуваме среќни пензионерски денови – истакнаа од Општинскиот сојуз на училишен спорт Телата на сојузот наскоро ке излезат со своја програма и активности што се планираат да се разлизираат преку училишниот спорт како и идеи за спроведување на повеќе проекти во делот на спортот во Радовиш. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Земјотрес почувствуван и во Радовиш, епицентарот во подрачјето на Скопје Интерактивна обука на тема планирање на кариера за учениците од СОУ “Коста Сусинов”