Во Македонија се прават приходи и добивки во милиони евра од продажба и производство на индустриски експлозив, најчесто потребен за проширување на рудници и пробивање на траси, како и од пиротехника.

Магазинот Фактор“ од извори на Централен регистар ги селектираше најдобрите пет компании заедно со нивните резултати постигнати во минатата година.

Во Топ-5 е Детонит Радовиш, со приход од околу 9 милиони евра кој е единствен што произведува индустриски експлозив. Компанијата во сопственост на Трајал Корпорација од Крушевац и забележува одлични резултати во последните две години, а особено во 2023.

Фото – Извор Магазин Фактор


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!