Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да не поведе постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата до Уставниот суд беа Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов. Во иницијативата поднесена од Здружението „Светски македонски конгрес”, се наведува дека со донесување на оспорениот Правилник е напрaвена повреда на неколку членови од Изборниот законик и Уставот. Подносителот тврди дека иако изборните рокови се во тек, ДИК постапила надвор од своите овластувања и со подзаконски акт пропишала услови за остварување на избирачко право на граѓаните да учествуваат во вршење на јавни функции. Во иницијативата поднесена од Стевче Стојанов е наведено дека со оспорениот Правилник, ДИК уредила норма за поддршка на кандидатска листа за членови на совет, односно листа на кандидат за градоначалник поднесени од „група избирачи” која треба да биде потпишана од најмалку двајца избирачи и со тоа уредување, ДИК излегла надвор од законските рамки и се ставила во улога на законодавач. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Се подготвува нов Закон за јавната администрација Во организација на здружението Проагро Фармери не очекува 5то ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ на АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025!