Почитувани, Дволичноста на Левица ја потврдува и Крмов, над 270 илјади денари од Левица пикнал во својот џеб, дали и тој е сметководител? Борислав Крмов кој се претставува како аскет, кој е гласен во јавноста за еднаквоста на граѓаните и ги напаѓа останатите колеги пратеници за законски патни трошоци, тој од Левица, од парите на граѓаните преку Буџетот на државата и од нивните членови кои им донирале, пикнал во џеб над 270 илјади денари. Дали и Крмов можеби е сметководител во Левица? Лицемерието и дволичноста на Крмов и Левица, одат до плафон. Од една страна се претставуваат како народни, скромни и неподмитливи, се претставуваат како пратеници кои не земаат патни трошоци, а гледаме дека вистината е сосема поинаква. Околу 5 илјади евра во својот џеб си ставил Крмов од Левица, тоа си го потврдија и на прес-конференција. Навистина е срамно и безобразно да напаѓаат колеги пратеници и други функционери за користење на патни трошоци или пак нешто што им следува како службен додаток, а истите тие од Левица, кои глумат дека се против тоа, го прават истото во сопствената партија. Оттука, го поставуваме прашањето, дали и Крмов сега ќе рече дека е сметководител? Доколку и тој излезе дека е сметководител во Левица, знае ли дека тоа е противзаконски? Или за Левица можеби тоа не важи? Почитувани граѓани, лажните аскети како Крмов, Апасиев, Мојсоска и Мециновиќ се прочитани од народот. Тие се луѓе кои немаат вистински став и доблест. Левица е демаскирана. Информираше Манасиевски на денешната прес конференција Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Интервју: Страхил Гавритов – Независен кандидат за Градоначалник на Радовиш Николовски: На ВМРО ДПМНЕ не му одговараат европските реформи во шумарството, затоа ги стопираше