Денес во просториите на Општинска организација Црвен крст Радовиш се одржа крводарителска акција на која крв даруваа 50 дарители од Радовиш и околината. Оваа акција беше организирана од Општинската организација на Црвен крст Радовиш заедно со Институтот за трансфузиона медицина Штип. Факти за крводарувањето: -Дарувањето на крв е доброволно, анонимно и бесплатно. -Крводарител може да биде секоја здрава личност од 18-65 години. -Жените можат да даруваат крв на секои 4 месеци, додека мажите на секои 3. -Дарувањето крв не е болно, не создава навика и не му штети на организмот. -Пред секое дарување крв се врши лекарски преглед. -Дарувањето крв е корисно со тоа што ќе го проверите вашето здравје. -На крводарителите како почитувани членови во општеството, Црвен крст им доделува признанија. -Со 10 дарувања на крв, секој крводарител е ослобооден од плаќање на сите видови болничка партиципација Post navigation РАСПЕАНИ РАДОВИШАНИ УЧЕСТВУВАА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ЗА СТАРОГРАДСКИ ПЕСНИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДЕЧИЊАТА ОД КАЛАУЗЛИЈА ОД СЛЕДНОТО ПОЛУГОДИЕ ВО НОВО УЧИЛИШТЕ