Општина Радовиш издвои средства за изработка на проектна документација, со која е предвидено да се изгради гасоводна мрежа во Радовиш во должина од 7 километри. Договорот со најповолниот понудувач беше потпишан минатата недела, со што е создадена можност за комплетирање на идејниот и основниот проект во летниот период од оваа година. Скопската фирма „Филбис“ има рок од 6 месеци за да ги изготви идејниот и основниот проект, со вклучена ревизија, за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во Радовиш. Радовиш е еден од градовите во земјава што не се вклучени во првата фаза од изградбата на магистралните гасоводи, која што ги вклучува трите проекти: Скопје-Тетово-Гостивар, Штип-Неготино и Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола. Радовиш треба да се поврзе со магистралниот крак во следната фаза, со која што во 2021 година. може да се поврзе на магистралниот гасовод. Општина Радовиш Post navigation ТЕМПЕРАТУРИ ДО МАКСИМАЛНИ 8, СО ВРНЕЖЛИВИ ДЕНОВИ ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА РК РАДОВИШ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТВКИТЕ ЗА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА