Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип на 23 февруари ќе го организира првиот државен натпревар за „First Lego“ лига во Република Македонија, за деца од 9 до 16 години.

Натпреварите од оваа лига се организираат во цел свет – оваа година учествуваат околу 40000 тимови од 98 земји. Факултетот ја доби лиценцата за натпреварот од својот партнер „Супер главче“ од Словенија, кој е одговорен за овој регион, а победниците ќе учествуваат на регионалниот натпревар во Словенија.

„First Lego“ лигата е меѓународна мултидисциплинарна истражувачка програма која ги инспирира младите луѓе да истражуваат во науката и да решаваат реални проблеми. Оваа година темата на проектот е „Во орбитата“ и тимовите треба да идентификуваат физички или социјален проблем со кој луѓето се соочуваат за време на нивното долгорочно истражување на вселената во нашиот Сончев систем и да предложат решение.

Детални информации за овој престижен натпревар можат да се најдат на www.fll.mk.

 



 

 

 




 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!